Некои земји се обидуваат да ја ограничат Русија „само затоа што таа постои“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Тој смета дека многу поважен резултат на санкциите е создавање конкурентни услови за водење бизнис во земјата, создавање услови за привлекување инвестиции.

– Неодамнешните настани или настани од последниве години, поврзани со одредени политички мотивирани ограничувања во економската активност на светските пазари и против нашата земја, не охрабруваат да донесеме позитивни резултати, односно да дејствуваме во насока на она што води до позитивни резултати, како што се, на пример замена на увозни за домашни производи.

Најважната работа во нашата реакција на политички мотивирани ограничувања во економијата, кои, патем, се воведуваат само затоа што ние постоиме и покажуваме можност да ги заштитиме нашите национални интереси, бидејќи не станува збор за ништо друго, не е супституција на увоз. Иако е исклучително важно – рече Путин.

Тој исто така рече дека Русија е заинтересирана за стабилни односи со САД, поради што би сакала да завршат внатрешните несогласувања во таа земја. Тој потсети на упадот во Конгресот, велејќи дека 150 лица се уапсени и дека им се заканува затворска казна од 15 до 25 години.

– Дали таму ќе завршат сите внатрешни несогласувања или не, не знаеме, но сакаме да завршат, бидејќи сме заинтересирани за стабилни односи со сите наши главни партнери – истакна рускиот лидер.