Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург рече дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“.

Главната парада се одржува по повод 325. годишнината од формирањето на руската флота.

– Денес, руската флота располага со се’ што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Способни сне да откриеме каква било непријателска цел под вода, на површината или во воздухот и да нанесеме смртоносен удар, доколку е потребно – рече Путин во телевизиското обраќање.

Според него, Русија го зазеде своето место меѓу „најголемите поморски сили на светот“ со развивање „поморска авијација со краток и долг дострел, крајбрежни одбранбени системи и хиперсонично прецизно оружје на новата генерација која е неспоредлива во светот и продолжува успешно да се доработува и подобрува“.

На петтата парада учествуваат 54 бродови, 48 авиони и повеќе од 4.000 војници.

Русија на почетокот на неделава објави дека успешно тестирала нов систем за противвоздушна одбрана С-500 и крстосувачка ракета хиперсоничен Циркон од новата генерација на оружје, за кои претседателот Путин вели дека не постојат такви во светот.

Русија планира да ги опреми своите подморници и воени бродови со ракетниот систем Циркон.