Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека не ја смета неговата функција за работна обврска, туку за своја судбина.

– Мојата работа е да се состанувам со луѓе. Зарем можете да се уморите од тоа? Тоа е чисто задоволство – рекол Путин на средба со граѓани во градот Иваново.

Тој, исто така, рекол и дека не е уморен и дека не сака да повлече од функцијата.

– Секој човек кој би се нашол на мое место не би ја сфатил функцијата претседател како работа, туку како судбина. Така се однесувам и јас кон неа – рекол Путин.