Рускиот претседател Владимир Путин го повика претседателот на Меѓународната федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Рока, да внимава на однесувањето на Полска во ситуацијата со мигрантите на границата, каде, како што тврди, додаваат хербициди и пестициди во водата со кои ги прстаат.

-Треба правилно и внимателно да следите што се случува на границата и што прават властите на соседната земја, во овој случај Република Полска – посочи тој, a пренесе РИА Новости.
Путин нагласи дека тоа воопшто не се вклопува во принципите на хуман третман на мигрантите.
-Па, не можете да ги поплавите луѓето, не само со вода, туку и да ставате хербициди и пестициди во водата, за да предизвикате изгореници и други сериозни повреди на мигрантите, вклучително и жени и мали деца. Колку луѓе веќе загинаа на границата. Таму се закопани.Тоа е катастрофа и треба да обрнете внимание на тоа – рече Путин за време на разговорот со Рока.