Рускиот претседател Владимир Путин на својата годишна прес-конференција изјави дека е подготвен да го запази договорот со Украина за заедничка употреба на Азовското Море.

– Москва сака да ја нормализира ситуацијата околу Керчанскиот Теснец, истакна Путин. 

Минатиот месец Русија заплени три украински воени бродови и нивниот екипаж во близина на Крим, обвинувајќи ги за илегално влегување во нејзините територијални води.

Путин изјави дека Русија не го попречува протокот на бродови, вклучувајќи ги и воените, преку Керченскиот Теснец. Москва, сепак, ќе спроведува таква воена политика на полуостровот Крим, која ќе ја гарантира безбедноста, без таму да создава „нешто непотребно”, нагласи рускиот претседател.