Русија е заинтересирана за обединета Европа и не се обидува да ја подели, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Ние немаме цел да предизвикаме поделби во ЕУ. Напротив, ние сме заинтересирани за обединета и напредна ЕУ, со оглед на тоа што Унијата е наш најважен економски и трговски партнер, изјави Путин во интервју за австриската телевизија ОРФ пред посетата на Австрија.

Кремљ претходно соопшти дека Путин на 5 јуни ќе допатува во работна посета на Австрија. Според распоредот, тој ќе се сретне со австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.

Се очекува двете страни да дискутираат за актуелни прашања и руско-австриските односи во разни области, а ќе разменат мислења и за клучни глобални прашања.