По пукањето во училиштето во Казањ веднаш реагираше рускиот претседател Владимир Путин, наредувајќи му на началникот на руската гарда да изготви нова регулатива за видовите оружје дозволени за цивилен промер.

– Рускиот претседател и наложи на владата да обезбеди помош и медицинска и психолошка помош за повредените, ранети деца и да им ја обезбеди потребната помош на семејствата на жртвите – рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека на руската гарда и е издадено посебно упатство за донесување на нова регулатива за видовите оружја што може да се набават во цивилниот промет, како што објави „Индипендент“.

Најмалку 11 лица загинаа во пукањето што утрово се случи во училиште во рускиот град Казањ. Претходно беше објавено дека се убиени наставник и најмалку осум ученици. Други 32 лица се повредени, од кои 12 деца и едно возрасно лице се пренесени во болница.