Рускиот претседател, Владимир Путин изрази вечерва жалење за смртта на 14 морнари, кои загинаа во пожарот што изби во подморница на руската војска и додаде оти наложил истрага за несреќата.

– Ова е голема загуба за морнарицата и за целата војска – изјави Путин кој попладнево по информацијата за несреќата се сретна со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Руската војска претходно денеска соопшти дека 14 морнари загинале во пожарот во подморницата.

Министерството за одбрана наведе дека пожарот избил вчера додека подморницата изведувала тестови во руските територијални води.

Наведено е дека огнот бил изгаснат благодарение на екипажот.