фото: Фејсбук

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека конфликтот во источна Украина меѓу војската на Киев и проруските сепаратисти изгледа како геноцид, додека тензиите меѓу Москва и Западот се зголемуваат.
– Вие и јас знаеме што се случува во Донбас – истакна Путин за време на состанокот на Советот за човекови права на Кремљ, мислејќи на зоната на конфликт во источниот дел на земјата, додавајќи дека „тоа секако изгледа како геноцид“.