Силите што сакаат нормални односи со Русија немаат шанса да учествуваат во легитимни политички активности во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Медиумите низ целата земја се затвораат, луѓето се ставени во домашен притвор, како што беше случајот со украинскиот пратеник и лидер на партијата Виктор Медведчук. Затоа, силите што сакаат нормални односи со Русија немаат шанса да учествуваат во политичкиот живот – рече Путин, пренесе ТАСС.

Тој истакна дека милиона луѓе во Украина сакаат повторно да имаат нормални односи со Русија.

– Во Украина има многу луѓе, кои сакаат да ги обноват односите со Русија. Сигурен сум дека ги има толку многу – додаде Путин.

ТАСС додава дека Путин сака да сугерира дека одредени политички групи во Украина исто така сакаат да се нормализираат односите меѓу двете земји.

Рускиот претседател вчера порача дека Русите и Украинците се еден народ.