Рускиот и кинескиот претседател, Владимир Путин и Си Џинпинг, денеска ќе разговараат за актуелни меѓународни теми, вклучително и за Северна Кореја, Иран и Венецуела.

– Ставовите на Кина и на Русија за важните меѓународни прашања или во целост се поклопуваат или се слични – изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој како предвидени теми за разговор ги посочи ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во Венецуела, потоа иранската нуклеарна програма, договор за Сирија, соработката во азиско-пацифичкиот регион, како и односите на Русија и Кина со големите западни сили, меѓу кои и САД.

Путин и Џинпинг по разговорите во Кремљ ќе присуствуваат на церемонијата на предавање на две големи панди на Московската зоолошка градина, а за вечерва е предвиден свечен концерт во Болшој театар по повод 70 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете држави.