Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека теми на утрешниот видеоразговор меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, ќе бидат меѓународните прашања и енергијата.

– Ситуацијата на меѓународно ниво, особено на европскиот континент, е многу, многу напната, и се разбира, бара разгледување меѓу сојузниците – Москва и Пекинг. Гледаме многу, многу агресивна реторика и од НАТО и од Соединетите Американски Држави – рече Песков, пренесе РИА Новости.

Путин и Џипинг ќе разговараат утре преку видеоконференција. Како што претходно беше најавено од Кремљ, двајцата лидери ќе ги сумираат резултатите од заедничката работа на развојот на руско-кинеското стратешко партнерство оваа година и ќе разговараат за приоритетите за соработка во иднина.