Рускиот престедател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Сирија, како и за одлуката на САД да ја повлечат војската од таа земја, соопшти Кремљ, а пренесува МИА.

– Разговорот беше фокусиран на развојот на ситуацијата во Сирија во светло на неодамнешната одлука на САД да ја повлечат својата војска од змејата. Укажаа на потребата терористите да бидат поразени и се надеваат на брзо политичко решение во Сирија. Што се однесува на тоа, двете страни ја потврдија својата посветеност на зголемување на соработката преку воени и дипломатски канали, соопшти Кремљ.

Нетанјаху му изразил сочувство на Путин поради трагедијата во Магнитогорск, каде според при уривање на станбена зграда по експлозија на системот за гас, според последните податоци, загинаа 38 лица, а три се водат како исчезнати.

Во соопштението на Кремљ се посочува дека разговорот бил одржан на барање на израелската страна.