Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, телефонски разговараа за формирање  уставна комисија на Сирија која ќе изготви нов устав за земјата, соопшти Кремљ.

Разговорот бил остварен на иницијатива на турската страна.

– Во пресрет на петтиот самит на Астанскиот процес, кој треба да се одржи во септември, тие се осврнаа на прашањата поврзани со конфликтот во Сирија, вклучително и напорите за формирање на сириската уставна комисија што ја спроведуваат Русија, Турција и Иран заедно со Обединетите нации – се наведува во соопштението на Кремљ.