Американскиот претседател, Џо Бајден, и рускиот претседател, Владимир Путин, се согласиле да одржат дијалог за прашања поврзани со стратешката стабилност, како што се контролата на оружјето и безбедносните проблеми, изјави амбасадорот Роберт А. Вуд, постојан претставник на САД во Конференцијата за разоружување.

– Претседателот Бајден и претседателот Путин се согласија да дискутираат за широк спектар проблеми, како контрола на оружјето и безбедносните прашања. Ние сме во процес на подготовка за овие дискусии – рече Вуд на тематската пленарна дебата на Конференцијата за разоружување.

Американскиот претседател во понеделникот рече дека нема да ги промени плановите за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Бајден минатата недела рече дека е закажана средба меѓу него и Путин во јуни.

Белата куќа неодамна објави дека Бајден го поканил Путин да се сретнат во една европска земја. Претходно во мај, Бајден рече дека се надева дека ќе се сретне со Путин во јуни. Кремљ извести дека се разгледува можниот датум за состанокот.