Рускиот претседател, Владимир Путин изјави во обраќање пред новинарите, по завршувањето на дводневниот самит Г20 во јапонскиот град Осака, дека Русија нема агресивни намери кон никого.

„ТАСС“ пренесе дека Путин така ја искоментирал оценката на британската премиерка, Тереза Меј, дека обвновувањето на врската на Велика Британија со Русија е невозможна се додека Москва не ја прекине агресивната политика.

– Имам добри вести за вас. Никогаш сме немале намера да извршиле агресивни дела против било кој – изјави Путин.