Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои се забранува непочитување на државата и ширење на опасни лажни вести на интернет.

Предлог законот, што беше претходно усвоен од Парламентот, предвидува казни за објавување на материјали со кои се навредува државата, нејзините симболи или државните органи.

Предвидени се и казни до 15 дена затвор за лицата кои ќе го повторат делото.

Путин потпиша закон и со кој се предвидува блокирање на лицата кои на интернет објавуваат лажни вести, кои би можеле да го загрозат јавното здравје и безбедноста. Според законот, тие кои објавиле таква информација ќе имаат еден ден да ја корегираат или отстранат објавата. Ако не го сторат тоа тогаш обвинителите ќе ги блокираат.