На состанокот во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин го советуваше својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да ја прими руската вакцина против коронавирус „Спутник в“, нагласувајќи го своето добро искуство со таа вакцина.

Путин му рече на Ердоган дека морал да помине извесно време во самоизолација поради контакт со заразени луѓе.

– Без оглед што бев цел ден со заразено лице, не се разболев. Значи, следниот пат кога ќе се ревакцинирате, направете го тоа на време и со „Спутник в“ му рече на турскиот лидер.

Како што беше претходно објавено, темите на средбата меѓу Путин и Ердоган беа билатералните односи и регионалните проблеми – ситуацијата во Сирија, Либија и Авганистан и Кавказ. Не беше закажана заедничка прес-конференција.

За Путин, ова е прва средба лице в лице откако се повлече во самоизолација пред две недели.