Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во градот Братск, во Иркутскaта област, во која поради поплави е прогласена вонредна состојба.

По враќањето од Осака каде што се одржа самитот на Г-20, Путин пристигна во Братск.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Иркутскaта област, каде што беа поплавени повеќе од 4.000 објекти.

Пет лица го загубија животот, а неколку луѓе се водат за исчезнати.

Локалните претставници го брифираа рускиот претседател за ситуацијата и преземените мерки за отстранување на последиците од поплавите на состанок одржан на аеродромот.

Путин истакна дека луѓето погодени од поплавите мора во секој момент да бидат добро информирани за акциите кои се преземаат, каде се лоцирани привремените засолништата, каде може да добијат вода, храна и други неопходни продукти.