Рускиот претседател Владимир Путин повика денеска на блиска меѓународна соработка во одбрана од кибер напади.

Говорејќи на конференцијата за кибер безбедноста во Москва, Путин рече дека е важно да се развијат заеднички стандарди во областа на кибер безбедноста, која ќе ги земе предвид интересите на сите земји.

Тој истакна дека заканите од кибер напади се зголемени низ целиот свет.

– Заканите од кибер напади достигнаа такво ниво, што би можеле да бидат неутрализирани само со заеднички напори на меѓународната заедница- рече Путин.

Рускиот претседател на меѓународниот конгрес за кибер безбедност, кој се одржа под спонзорство на „Сбербанк“, истакна дека Русија ќе воспостави систем за размена на податоци меѓу различни компании и агенции за спроведување на законот, за да помогне во координирањето на мерките како одговор на кибер заканите.

Тој додаде дека бројот на кибер нападите во Русија се зголемил за една третина во првиот квартал во 2018 година, во однос на истиот период лани.