Пет лица се тешко повредени при ново пукање во САД, јавуваат американските медиуми. Станува збор за трет оружен инцидент во кој се повредени повеќе лица пријавен во ист ден во САД.

Инцидентот се случил во време на обновената дебата за контрола на оружје во САД, поттикната од нападот минатата недела кога вооружен маж уби осум лица.

Пет лица се хоспитализирани откако се здобиле со прострелни рани при пукањето во продавница за алкохол во државата Луизијана, објави американска телевизија.

Властите соопштија дека ранетите се во животна опасност, а полицијата трага по бел автомобил „Форд“ од кој пукал напаѓачот, се вели во извештајот, пренесува Ројтерс.