На „Твитер“ се објавени низа снимки на кои се гледаат блокираниот Лондонски мост и многубројни полициски возила. Еден маж извадил нож на Лондонскиот мост и бил застрелан од полицијата.
Репортерот на Би-би-си, Џон Мекманус, вели дека видел група мажи како се расправаат на мостот. Кога пристигнала полицијата, се слушнале истрели.
Полицијата го потврди инцидентот и ги советуваше околните жители да ги следат нејзините инструкции.
Сведоците велат дека полицијата ги евакуира.