Седумгодишно девојче во костим на бубамара е застрелано додека собирало слатки низ куќите во Чикаго за Ноќта на вештерките, соопшти полицијата.

Девојчето било погодено во горниот дел од вратот и се наоѓа во критична состојба, пренесе „АП“ и додава дека со прострелна рана во левата рака се здобил и 30-годишен маж кој е префрлен во наблиската болница.

Како што се наведува, пукањето се случило на почетокот на вечерта, додека девојчето одело со членовите на своето семејство и други учесници на традиционалниото добивање слатки.

Полицијата смета девојчето било случајна жртва, бидејќи била забележана група кој бркала маж и се слушале пукотници.