Момче е тешко повредено при пукање што се случи во училиште, објави полицијата од градот Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси.

Според полицијата, пукањето било пријавено во училиштето Камингс, каде одат ученици од предучилишна возраст до осмо одделение, пренесуваат американските медиуми.

Ранетото момче е пренесено во болница во критична состојба, а властите објавија дека бараат друго момче за кое се верува дека пукало.

Не е објавена возраста на осомничениот напаѓач и жртвата.

Училиштето во округот Шелби е затворено, а родителите се известени за инцидентот.