Најмалку шест луѓе, меѓу кои пет деца, се убиени денеска во сојузната американска држава Оклахома, соопшти полицијата.
Како што се наведува, едно вооружено лице е приведено.

Доцна ноќта околу 1.30 часот по локално време, во полицијата било пријавено пукање во градот Маскоги, пренесува Еј-Би-Си њуз.
На лице место полицијата затекнала едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца. Петтото дете починало во болница.
Во болница била донесена и жена со повреди опасни по живот.

Властите засега не го откриваат идентитетот на уапсените лица ниту објавија детали за убиените.