Едно лице загинаа и четири се хоспитализирани во престрелка што синоќа се случи во Денвер, по што шефот на локалната полиција Пол Пејзен изјави дека се уапсени двајца мажи.

Пејзен прецизира дека пукањето се случило во делот на градскиот центар познат како „ЛоДо“, во кој има многу хотели, ресторани и високи станбени објекти.

Според него, нападот бил со точно одредена цел, а не случаен, но не го соопшти мотивот за него.