Кинескиот професот по физика во пензија Сун Венгуанг, кој е познат по критиките кон властите, веќе два дена е исчезнат, откако полицијата го прекина неговото интервју за радиото Гласот на Америка.

Сун го давал интервјуто во средата вечерта по локално време, кога во неговиот дом во градот Џинан упаднале шестмина полицајци, кои го прекинале разговорот. Пред прекинот на интервјуто, 84-годишниот Сун извикал „имам слобода на говорот“. 

Гласот на Америка информира дека од тоогаш не може да стапи во контакт со Сун. Според радиото, тој најверојатно е приведен и префрлен во хотел на армијата во Џинан.

Сун неодмана протестираше поради „големите трошоци“ на државата за финансирање на проекти во странство, тврдејќи дека додека Кина инвестира во други држави, многу Кинези живеат во сиромаштија.

Протестот првенство се оденсуваше против проектот „Еден појас, еден пат“, за кој Пекинг планира да потроши 1.000 милијарди долари за изградба на сообраќајна инфраструктура преку која Кина би се поврзала со Азија, Европа и Африка.