Противпожарен авион се урна авион денеска за време на принудно слетување на грчкиот остров Закинтос. Авионот леташе кон локација каде што имало мал пожар, пренесуваат регионалните медиуми.

Според последните информации, пилотот на авионот се здобил со полесни повреди, а причината за падот не е позната, пренесуваат агенциите.

Грција се бори со пожари веќе шест дена, а најголемиот фронт е на островот Евија, каде илјадници луѓе се евакуирани со траекти.