Јапонската државна лабораторија за нуклеарно гориво во близина на Токио регистрираше истекување на радиоактивни материи во постројката што обработува плутониум, но работниците не биле изложени на радијација.

Јапонската агенција за атомска енергија соопшти денеска дека алармот за радијација се активирал откако девет работници замениле пластични капаци на два канистера со мешавина од плутониум и ураниум и ги преместило зад затворениот дел на постројката.