Илјадници ученици од германските училишта денеска повторно се собраа на протест во Берлин, барајќи акција против климатските промени.

Протестната прошетка покрај зградата на Владата ќе ја предводи шведската тинејџерка Грета Тумберг (16), која ги инспирираше демонстрантите за организирање неделни „училишни штрајкови“.

Протестите под името „Петок за иднината“, што учениците ги организираат еднаш неделно, наидоа на поддршка од германките политичари, иако некои ги критикуваат поради тоа што протестираат за време на наставата.

Канцеларката Ангела Меркел оцени дека протестите претставуваат „многу добра иницијатива“.