Холандската полиција го затвори парламентарниот комплекс во Хаг откако пред него се собраа околу сто демонстранти со „жолти елеци“ кои протестираа поради високите цени на горивата.

Движењето „жолти елеци“, што пред две недели почна во Франција, а се прошири и во Белгија и во Холандија.

Полицијата приведе двајца учесници во протестот во Хаг, а притворен е и еден од лидерите на демонстрантите во Мастрихт.