Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор во Багдад при што му врачи протестна нота поради повторно нарушување на воздушниот простор на Ирак.

– Министерството ги осудува акциите на турските воздушни сили кои го нарушуваат воздушниот простор на Ирак и притоа нападнаа неколку локации во северен Ирак, што доведе до човечки загуби и материјална штета, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство.

Турската војска претходно соопшти дека денеска извела воздушни удари во северен Ирак и притоа убила осуммина екстремисти на Курдска работничка партија(ПКК), која е забранета во Турција.