Група лути граѓани се собраа пред полициска станица во Чикаго откако полицаец уби маж во јужниот дел на градот.

Шефот на полицијата Фред Волер изјави дека мажот бил застрелан откако полициска патрола се обидела да го испраша поради „испакнатина околу неговата половина“ , мислејќи дека е вооружен, по што мажот станал агресивен и се обидел да се ослободи од полицајците.

– Тие помислија дека посегнува по оружје поради што пукале во него – рече Волер, додавајќи дека мажот бил префрлен во болница каде што починал.

Полицијата смета дека тој немал дозвола за носење оружје.

Веднаш по пукањето, група граѓани се собрале и почнале да се туркаат со полицијата која ја опколила областа околу станицата.

Демонстрантите ја нападнаа станицата со шишиња и скокале врз полициски автомобили.

Во инцидентите се уапсени четири лица.