Антивладините демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти за време на синоќешниот конфликт со полицијата протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Луѓе облечени во црно, со маски на лицето, ги искршија прозорците и вратите во канцеларијата на Демократската партија во Портланд цртајќи симболи на анархија над грбот на демократите, објави „Ројтерс“.

– Не го сакаме Бајден. Сакаме да се одмаздиме за полициските убиства, империјалистичките војни, фашистичките масакри – беше напишано на транспарентите што ги носеа со себе.

Осум лица беа уапсени во Портланд под сомнение за насилство и невнимателно палење, а уште две лица беа уапсени во Сиетл – едното за напад, другото за уништување имот, соопшти полицијата.

Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд група од 150-ина лица се судри со полицијата.

Во Сиетл полицијата нагласи дека неколку места во градот биле вандализирани.