Демонстрантите денеска се судрија со полицијата за време на протестот против заклучувањето кога стотици маскирани луѓе маршираа низ улиците на Мелбурн.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат како демонстранти протестираат, фрлаат предмети врз полицајци и носат факели, како и припадници на полицијата кои користат солзавец, пренесува лондонскиот дневен весник Гардијан.

Протестите во Мелбурн се одржаа откако премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус, објави дека ќе се воведе карантин во целата држава, во кој се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.

Повеќе од 700 полицајци беа распоредени за да спречат немири на демонстрациите на стотици револтирани граѓани.

Во Викторија не се дозволени јавни собири, а полицијата ги осуди учесниците на денешниот протестен марш како „себични“, бидејќи државата се обидува да го потисне зголемувањето на бројот на нови инфекции со коронавирусот.