Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, викендов бил забележан како во својата резиденција во Минск, која се наоѓа во близината на местото каде што имало протести против него, влегува со пушка „калашњиков“ и заштитен панцир. Како што јавуваат западните медиуми, претседателството на Белорусија објавило и видео на социјалната мрежа Телеграма, на кое се гледа како Лукашенко излегува од хеликоптер што слетал во дворот на резиденцијата. Според извештаите на медиумите, претседателот Лукашенко носи блиндиран панцир бидејќи опозицијата протестирала во близината на неговата резиденција. Во меѓувреме, неколку десетици илјади луѓе и вчера се собраа во главниот град Минск на протест против спорните претседателски избори одржани на 9 август, на кои Лукашенко, кој е на власт цели 26 години, освои околу 80 проценти од гласовите. Актуелниот претседател исто така најави дека војската ќе ги засили сите позиции на границите кон Европа за време на одржувањето на протестите на опозицијата.