Протестите ширум Португалија кои требаше да се одржат по примерот на француското движење „жолти елеци“ денеска пропаднаа затоа што се појавија многу малку луѓе.

Португалските демонстранти се обидоа да го отежнат сообраќајот во утринските часови на различни локации ширум земјата, но имало повеќе полицајци.

Протестот беше свикан на Фејсбук страница која имала за цел да им даде глас на луѓето кои не се задоволни поради состојбата во земјата.

Организаторите велат дека португалското движење на „жолтите елеци“ не е насилно и не е поврзано со ниту една политичка партија.

Манифестот содржи долг список барања, од пониски даноци до повисока помош за невработените и подобра здравствена заштита.