Полицијата во американската сојузна држава Охајо поведе истрага откако шестгодишно момче било фатено со пиштол, во локално училиште, пренесува „Њузвик“.

Момчето се обидело да го внесе пиштолот во училиштето, но било запрено и претресено на влезот, при што пиштолот му бил одземен без да се случи поголем инцидент.

По поведената истрага, полицијата изјавила дека момчето нема да се соочи со никакви обвиненија поради неговата возраст. Полицијата ги предупреди граѓаните кои имаат оружје во своите домови, да се осигурат дека тоа е надвор од дофат на деца.

– Инцидентот се случи во петок наутро, кога еден родител пријавил откако го забележал пиштолот на појасот на момчето. Ученикот го очекуваат дисциплински мерки, но се уште не знаеме на кој начин ќе биде казнет – изјави Тајри Полард, директорот на училиштето.

Тој потенцираше дека младите треба да ја знаат опасноста и сериозноста од поседување и носење било каков вид оружје, дури и да се работи за играчки кои изгледаат реално.