Унгарската полиција соопшти дека пронашла уште една жртва од превртувањето на туристичкиот брод на Дунав на 29 мај во Будимпешта, со што засега, потврдена е смртта на 20 лица.

По седум туристи од Јужна Кореја, како и по капетанот на бродот и понатаму се трага, наведе унгарската полиција, пренесе „АП“.