Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум мажи и три жени кои поседувале големо количество оружје и над сто куршуми.

Специјалните служби претпоставуваат дека групата планирала да го употреби оржјето за време на денешните собири и на тој начин да ја дискредитира полицијата.

Осомничените се уапсени поради поседување огнено оружје без дозвола, носење предмети кои можат да причинат штета, за поседување забрането оружје и за незаконско собирање.

Првпат од почетокот на протестите е одземен пиштол, што предизвикало вознемиреност меѓу органите на редот и мирот. Одземени се и палки, ладно оружје, солзавци и два панцира.

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Хонгконг за да одбележат половина година од портестите против властите на оваа автономна кинеска територија и поранешна британска колонија, пренесува агенцијата „АП“.

Според информациите, демонстрантите, извикувајќи „Борба за слобода“ и „Заедно за Хонгконг“, формирале огромна поворка низ центарот на градот.