Аргентинската подморница „Сан Хуан“, која пред една година исчезна со 44 членови на екипажот, е пронајдена во длабочините на Атлантскиот Океан, соопшти Воената морнарица на Аргентина.

Подморницата била пронајдена на длабочина од 800 метри во водите близу полуосторовт Валдес во аргентинската област Патагонија.

„Сан Хуан“ исчезна на 14 ноември 2017 година додека се враќаше во базата во местото Мар дел Плата. Во последната комуникација со базата, екипажот информира дека на пдоморницата „дошло до хаварија“.

По неколкунеделна интензивна потрага по подморницата со помош на 18 земји, Аргентина соопшти дека нема никаква надеж за пронаоѓање на преживени. Иако официјалната потрага беше прекината, аргентинската Воена морнарица продолжи да трага по подморницата целава измината година.