Група од синџири аптеки во САД и гигантот за малопродажба „Валмарт“ почнаа да повлекуваат одредени производи за сончање од брендот „Џонсон и Џонсон“ од полиците, откако во некои примероци беше идентификуван канцероген бензен.

Производите беа повлечени два месеца откако мрежната аптека Valisure достави до американската Администрација за храна и лекови (ФДА) докумант во кој се наведува дека повеќе од десетина производи, вклучително и спрејови и лосиони, откриле поголемо ниво на бензен од препорачаното.

„Џонсон и Џонсон“ доброволно повлече пет средства за сончање со аеросол „Неутрогена“ и „Авино“ и ги советуваше потрошувачите да престанат да ги користат затоа што на интерните тестови откриле ниско ниво на бензен.

Бензенот е класифициран како супстанца што потенцијално може да предизвика рак, во зависност од нивото и степенот на изложеност.

„Секојдневната изложеност на бензенот во овие производи за сончање со аеросол на нивоата откриени во нашите истражувања не би требало да предизвика негативни влијанија врз здравјето“, се наведува во соопштение на компанијата.