Владата на африканската земја Зимбабве ја продолжи забраната на социјални мрежи во земјата која трае повеќе од една недела, додека на улиците на масовните протести за зголемувањето на цените на горивата загинаа најмалку 12 лица, пренесува „Биснис инсајдер“.

Владата веќе една недела на главниот интернет провајдер во земјата „Еконет Вајерлес“ им издаде наредба да го блокираат користењето на социјалните мрежи, вклучувајќи ги и Твитер, Фејсбук и Ватсап.

Според активистите и познавачите на состојбите во земјата, оваа забрана е обид да се сузбијат вестите и фотографиите од протестите, како и зголемената употреба на сила од страна на полицијата, а пак владата вели дека забраната е поради безбедносни причини.

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагава повеќе од двојоно ги зголеми цените на безинот и дизелот на 14 јануари и од тогаш следуваа насилни протести. Според иниформациите од Би-би-си, најмалку 12 лица загина и 600 се уапсени на протестите во земјата.