Сирените кои предупредуваат на воздушен напад синоќа повторно се огласија во јужниот дел на Израел, поради ракети истрелани од Појасот Газа.

Но, и Палестинците тврдат дека израелски авиони напаѓаат позиции на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа.

Синоќешните напади ставија крај на краткото примирје.

Израелскиот амбасадор во Обединети нации, Дани Данон ги предупреди лидерите на Хамас дека доколку продолжат со напади врз Израел ќе се соочат со „моќната израелска војска“ и ќе бидат „погребани во тунелите на Газа“.

– Хамас изврши гнасно злосторство против Израел кога во понеделникот истрела ракети при што се повредени седум луѓе, посочи Данон.

Од друга страна палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур истакна дека ситуацијата во Газа е дел од долгогодишната кампања на насилство и терор над Палестинците од страна на Израел, како и дека „историјата не почнува со истрелувањето на ракетите“.