Фото: Илустрација

Извор од руската служба за итни случаи соопшти дека летот на „Утер“ УТ705 за Берлин од Москва, кој претходно објави аларм поради дефект на системот за климатизација, безбедно слетал на московскиот аеродром „Внуково“ околу 13.40 по локално време.

Пилотите одлучиле да се вратат и принудно да слетаат во Москва откако се појавиле технички проблеми со системот за климатизација додека минувале низ литванскиот воздушен простор.

– „Боингот 737“ од Москва до Берлин сврте околу градот Каунас, Литванија, поради проблеми со системот за климатизација објаснува изворот.

Инцидентот се случува откако и друг авион на „Утер“ на истата релација принудно слета минатиот месец поради проблеми со системот за климатизација.