При обидот на авганистанските мигранти за преминување на границата со Иран најмалку седум лица се убиени, а неколкумина се водат како исчезнати.

Повеќе десетици мигранти сепак успеале да ја преминат границата, по инцидентот за кој Авганистан ги обвинува иранските граничари.

Авганистанските медиуми ги обвинуваат иранските граничари за насилство, односно дека ги принудиле да скокнат во реката Харируд, на иранско-авганистанската граница. Авганистанските власти ги испитуваат обвинувањата и испратиле група да ги извлече телата од реката, додека Иран ги отфрлува обвиненијата, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека мигрантите се обиделе илегално да влезат во Иран од западната провинција Херат.