Најмалку 12 членови на Курдската работничка партија ПКК се наутрализирани при воздушни удари на турската армија во југоисточниот дел на Турција и во Северен Ирак, пишува весникот „Милиет“, повикувајќи се на соопштение на турскиот Генералштаб на Твитер.

Во соопштението се прецизира дека неутрализираните членови на ПКК подготвувале напад врз турски војници.