Локалните власти на Ерусалим денеска забранија пристап до дел од „Ѕидот на плачот“, откако од него се одрони камен тежок 100 килограми.

– Камен тежок 100 килограми падна на плочникот, без да повреди никого, изјави градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, објаснувајќи ги причините за забраната на пристапот до ова еврејско светилиште.

Каменот се одронил на плочникот каде вообичаено стојат еврејските верници кои се молат пред „Ѕидот’.

„Ѕидот на плачот“ е последниот преостанат дел од Вториот ерусалимски храм, разурнат од римските сили по задушувањето на Еврејското востание во 70-та година.