Во Тунис изби политичка криза откако претседателот Каис Сајед го смени премиерот и го суспендираше парламентот во најсериозниот тест со кој се соочува државата откако институциите има транзицијата кон демократијата пред една деценија, пишува „Вашингтон пост“.

Противниците на Сајед го окарактеризираа неговиот потег како обид за државен удар, наспроти тврдењата на претседателот неговата акција е во согласност со уставот. Аналитичарите изразија загриженост дека одлуката на претседателот и настаните кои уследија ја разоткрија нестабилноста на демократскиот систем на Тунис. Потегот на претседателот се случи по повеќемесечна политичка криза во државата чие политичко уредување се сметаше за единствен успех на Арапската пролет. Големиот пад на економијата и зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус предизвикаа тензии во Тунис кој има 11 милиони жители.

– Ова покажува дека секогаш постои ризик кога демократијата не е потполно инсталирана – вели Амине Гали, директор на Центарот за демократска транзиција „Кавакиби“.

Тензиите се дополнително се продлабочија бидејќи Тунис моментно нема уставен суд, кој вообичаено би одлучил дали потегот на Сајед е законски под членот 80 од Уставот, како што тврди претседателот.

– Во отстуство на институцијата, претседателот е единствен толкувач на уставот, а гледаме дека тоа се одразува негативно на сите оние партии кои одбија да го воспостават Уставниот суд пред пет-шест години – објаснува Гали.

Војската денес го опколи парламентот, со што спикерот Рачид Ганучи чекаше со часови во својата кола откако му беше оневозможено да влезе во зградата. А безбедносните сили упаднаа и во просториите на медиумскиот сервис „Ал Џазира“. Во меѓувреме дојде до судир на две спротивставени групи на демонстрантите кои излегоа на улиците.