Полицајците и војниците денеска првпат гласаа на локалните избори во Тунис.

Локалните избори во Тунис се закажани на 6 мај, но околу 40.000 припадници на безбедносните сили гласаа денеска. Претходно, вработените во полицијата или армијата не гласаа на избори, бидејќи мораа да бидат политички неутрални.

Парламентот на Тунис во јануари одлучи да им даде право на глас на 120.000 припадници на безбедносни сили, првпат откако Тунис стана независен од Франција во 50-тите години од минатиот век.

На 6 мај ќе се одржат првите локални избори во Тунис од револуцијата во 2011 година.